Хакери од Северна Кореја украле голема количина на воени документи од Јужна Кореја, вклучително и план за атентат на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, пренесе БиБиСи.
Јужнокорејскиот пратеник, Ри Кеол-хее, изјави дека информацијата е од министерот за одбрана. Компромитирачките документи вклучуваат планови за вонредни состојби изготвени од страна на САД и Јужна Кореја. Тие исто така содржат и извештаи од високи командири на сојузниците. Јужнкорејскиот министер за одбрана, засега одбива да ги коментира обвинувањата.
До плановите за специјалните сили на Југот, било пристапено заедно со информации за значајни електрани и воени објекти на југ, додава БиБиСи.
Ри изјави дека околу 235 гигабајти воени документи биле украдени од Интегрираниот центар за одбрана и дека 80% од нив сé уште не се идентификувани.
Упадот се случил во септември минатата година. Во мај, Јужна Кореја соопшти дека голем дел од податоците биле украдени и дека Северна Кореја можеби го поттикнала кибер-нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст