| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски со ветувања за подобри услови за лицата болни од церебрална парализа

Кандидатот за градоначалник на општина Центар Дејан Јовановски и носителот на советничката листа Зоран Поповски денес остварија посета на Дневниот центар за лица болни од церебрална парализа. Со вработените поразговараа за клучните проблеми со кои се соочуваат оваа група граѓани на локално ниво, како и за идни проекти што може да се реализираат помеѓу Општината и Центарот. Главно внимание ќе биде посветено на одржување на хигиената на просторот околу Центарот како и на соодветно обележување на паркинг просторот со назнака “паркинг за хендикепирани лица” во непосредна близина на Центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top