Финалната серија во српското кошаркарско првенство донесе многу возбудувања, но и тешки обвинувања, инциденти, па и смртни закани. Така е кога меѓусебе играат Партизан и Црвена звезда, а интересна е изјавата на директорот на Лигата, Дарко Јовичиќ. По завршувањето на финалето, кое му припадна на Партизан со 3-1 во победи, за 12. титула едоподруго, Јовичиќ истакна дека е задоволен што немало жртви и мртви.
– Најважно е што немаше жртви и што се избегна судирот меѓу навивачките групи. Претходните години имаше и такви случувања. По завршувањето на последниот натпревар од финалната серија, актерите се поздравија меѓусебе, што е добар знак и успех. Ќе има казни за инцидентите и за некоректното однесување на поединци – изјави Јовичиќ.
Нетрпеливоста меѓу двата клуба е огромна, а инцидентите, прекините, техничките грешки, обвинувања, смртни закани имаше постојано во текот на сите 4 дуели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


