| четврток, 6 декември 2018 |

Соколов: Митингот во Делчево на 11 октомври ја најавува големата победа во градот

Големата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе биде најавена на големиот митинг, кој ќе се одржи на 11 октомври во Делчево, истакна кандидатот за градоначалник на Делчево од оваа партија, Иван Соколов.

– Изминатиов период во оваа кампања ги посетив речиси сите населени места, разговарав со многу луѓе и многумина ги споменаа досегашните наши проекти, но и многу работи кои ние не сме ги предвиделе. Затоа, јас ќе ги најавам овие нови проекти кои се на барање на граѓаните на големиот митинг на 11 октомври во 20:30 часот ќе се одржи во Делчево. Затоа сите Ве повикувам на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, за да ја слушнете мојата визија за Делчево и сите проекти кои ќе бида дел од мојата програма, истакна Соколов.

Меѓу капиталните проекти, кои се предвидени во програмата на Соколов е и изградба на современ градски пазар.

– Самите трговци имаат потреба од ова. Во следниот четиригодишен период овој пазар ќе биде изграден со повеќе содржини, техничката документација е подготвена и ќе можеме многу наскоро да почнеме. Веќе се јавија неколку заинтересирани страни за приватно партнерство. Сметам дека ова ќе се реализира многу брзо, вели Соколов.

Тој најавува и изградба на обиколница на Делчево, која ќе го одминува делчевското село Ѕвегор и која ќе ја поврзе ТИР зоната и ќе го растовари сообраќајот во градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top