| четврток, 6 декември 2018 |

Добиле два пара близнаци за помалку од една година (Фото)

Бебето им носи огромна радост на родителите, но и големи грижи. Две бебиња истовремено се и двојно поголема грижа. Џеки Кеј и нејзиниот сопруг Тони добија два пара близнаци и тоа во период од 11 месеци.

Џеки (28) ги родила близначките Сара и Пејџ на 11 октомври минатата година, а на 14 септември годинава се продила со близнаците Весли и Николас.

„Ова е судбина. Бременост со близнаци по втор пат, во толку мал временски период е навистина неверојатно. Ни требаше малку време да ни се смират чувствата“, вели мајката.

Двојката од Сафолк, Велика Британија веќе ја имал тригодишната ќерка Емили и двајцата родители велат дека не планирале толку брзо да го прошират семејството, но тоа се случило.

„Кога видов дека тестот за бременост е позитивен, бев загрижена како ќе излезам на крај со уште едно бебе, а близначките беа толку мали. Тогаш не можев ни да сонувам дека пак ќе добијам близнаци“, вели гордата мајка.

Бременоста ја поминала лесно и момчињата се родиле со царски рез.

„Клучот е во добрата распределба на обврските и строгата рутина“, вели Џеки и додава дека сепак успеваат да постигнат сѐ.

„Ова е дефинитивно. Не планираме понатамошно проширување на семејството.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top