Најпрво проверете ја етикетата на облеката којашто сакате да ја “санирате”.
Секако дека воопшто не е тешко да залута темно парче облека во морето од бела облека, а потоа и истото тоа парче облека да ги обои сите останати светли парчиња!
Црвениот чорап или маичка често се виновник за како краен резултат да добиете розова облека, а кога случајно ќе залута некоја црна чорапа или маичка, ќе добиете сино-сиви парчиња.
До ваква незгода доаѓа затоа што поголемиот дел од облеката со интензивни бои испушта дел од бојата особено ако се пере на повисоки температури. Тоа е особено чест случај со поновите парчиња облека. Токму затоа добро е шарената облека секогаш да се пере одделно.
Кога ќе се случи ваква незгода, најпрво проверете ја етикетата на парчето облека коешто сакате да го “санирате” од настанатата незгода. Ако на неа пишува дека предметот не смее да се избелува, тогаш треба да заборавите на таквите сретства.
Во поголемиот дел од случаевите белата облека од 100% памук сепак го поднесува тоа, бидејќи во ваков случај најчесто се работи за постелнина, пешкири или долна облека.
Се што треба да направите е да ја потопите обоената облека во вода во којашто сте додале малку сретство за избелување. Оставете така да отстои 15 до 30 минути, а потоа исперете повторно на брз програм и вклучете двојно испирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст