| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков ја искина мрежата на Андреас Волф

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков, одигра фантастичен натпревар за Веспрем, во дуелот со Кил (26-24), пресметка што беше избрана за „дерби на неделата" од страна на ЕХФ

Кил предводен од одличниот Андреас Волф на голот доминираше во првото полувреме и на одморот имаше предност од три гола 15:12, но ситуацијата на теренот се промени откако заигра Манасков.

Македонецот беше иницијатор на пресвртот откако за само десетина минути му даде три фантастични погодоци на Волф, носејќи го својот тим во водство. Веднаш по третиот гол на Манасков гостите го променија голманот, но македонското крило веднаш го надмудри и Ландин и го постигна последниот погодок на мечот.
Киелце и Фленсбург одиграа без победник, 25:25, а најубавите потези на натпреварот се случија во 37. минута кога во рок од десетина секунди првин Шмал одбрани зицер на гостите од Германија, а потоа Алекс Душебаев на спротивната страна поентираше со „цепелин”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top