Кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски во интревју за Прес 24 вели дека продажбата на Топлификација е еден од директините причинители за загадувањето на Скопје. На прашањето дека политичките противници на Трајановски и дел од јавноста го обвинуваат за недостаток на конкретни мерки за борба против загаденоста на воздухот тој вели дека секогаш може да се направи повеќе, но и прашува со кој образ, луѓето чии постапки не доведоа до ова дереџе денеска без грам срам се претставуваат како експерти и спасители?
Трајановски: Секогаш може и се сака да се направи повеќе, но како институција ние сме ограничени во однос на нашите ингеренции, но и нашите можности. Околу тоа што направивме изминатиов период, одговорив во претходните прашања, но она што навистина ми е тешко да го сфатам и прифатам е со кој образ, луѓето чии постапки не доведоа до ова дереџе денеска без грам срам се претставуваат како експерти и спасители.
Постапките на СДСМ во минатото директно влијаеја на загаденоста на Скопје, како и на оневозможувањето за преземање на посериозни чекори, пред се во полето на затоплувањето.
Греењето на домовите е најголем причинител на загаденоста на воздухот во Скопје, и претставува една третина од проблемот.
СДСМ ја продадоа Топлификација во деведестетите години. До денеска од мрежата се имаат исклучено 12.500 домаќинства. Тоа се домаќинства кои наместо на оваа мрежа за загревање, изминативе години се греат на други начини, дрва, јаглен, мазут… Дополнително, напуштањето на овие домаќинства од системот на Топлификација придонесе за поскапување на цената на парно греењето во Скопје, а со тоа во континуитет се стимулираат граѓаните да го исклучуваат парното и да ги загреваат своите домови со овие понееколошки методи.
Второ, СДСМ со продажбата на Топлификација, придонесе да не се зголеми топловодната мрежа во Скопје, да не се зголемува бројот на корисници кое ќе имаше двоен бенефит: пониска цена на парното и помало загадување на воздухот во Скопје. Погледнете ги сметките на греење
Значи СДСМ со нивните одлуки и постапки не само што го уништи системот за затоплување и ја предизвика во голема мерка сегашната состојба со загаденоста, истата истовремено и во голема мерка ни ги намали можностите за делување во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст