На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од мај до септември годинава, а висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.
Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), ги потсетуваат млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Исто така, на 5 ноември завршува рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември годинава. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.
Од АФПЗРР информираат дека барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од веб-страницата www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст