| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Бугарија создадоа нова марка во светот на модата

Во партнерство помеѓу „ТТЗ Текстилен кластер – Македонија“ и „Браншова организација за текстил и облекло” – Бугарија, изготвени се два стратешки документи со кои се дефинира визијата на регионот: Регионален кластер со препознатливи, брендирани и иновативни производи, со висока технологија и модерно организирано производство, со развиена инфраструктура, во кои што текстилот претставува престижна професија.


Од новата соработка произлезе брендот „Доверлив балкански производител на облека” кој претставува концепт што ги поврзува двата погранични региони на Балканот: Македонија и Бугарија. Двата региони имаат добро развиено производство на облека и долгогодишно искуство во производство за познатите европски брендови. На овој начин, компаниите од овој регион ќе ја зголемат понудата на капацитети за производство на облека, и понудата на разновидни производни можности и продукти за европските купувачи.

Концептот неодамна беше промовиран и на саемот Premier Vision Manufacturing во Париз, на заедничкиот македонско-бугарски штанд, каде успешно се презентираа 10 водечки текстилни компании од Македонија и Бугарија.

Соработката меѓу двете земји е во склоп на пограничниот проект „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион „Македонија-Бугарија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top