Кандидатите за градоначалници на општините во Скопје и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во своите празни ветувања имаат и дека градот ќе бил чист, а денеска нивното членство на митингот остави само ѓубре по улиците.
Голем лименки пиво и останати работи останаа на улиците откако си заминаа граѓаните од митингот за кој Зоран Заев го блокираше целото централно градско подрачје на градот Скопје.
Блокирани беа, булеварот Партизанска, кој беше претворен и во паркинг за автобуси за митингот на СДСМ, улицата Рузвелтова, како и уште неколку клучни улици во централното градско подрачје.
Инаку, СДСМ денеска во Скопје донесе голем број автобуси, двете ленти на голем дел од Партизанска беа полни со автобуси. Граѓаните се гневни што Заев за да има луге на својот митинг, го блокираше цело Скопје. Дел од нив коментираат дека денеска на митингот на СДСМ немаше скопјани, туку членство на партијата од другите делови на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.