| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Усјанскиот канал ќе се бетонира, населба Лисиче ќе добие кружен тек

Кандидатот за градоначалник на Аеродром Ивица Коневски денеска со заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, промовираа два проекти предвидени во изборната програма за населбата Лисиче.
Станува збор за бетонирање на Усјанскиот канал и за изградба на кружен тек.
Доколку ја добијат довербата на граѓаните на претстојните локални избори во рамките на тековното одржување на Усјанскиот канал ќе се изврши уредување на Усјанскиот канал со бетонирање на дното и страничните делови на каналот и тоа на потегот од реката Вардар до железничката пруга во должина од 2.5 километри. Покрај Усјанскиот канал ќе се изгради парк, во којшто граѓаните ќе можат да уживаат со оглед на тоа што каналот ќе биде чист.
Исто така, во населбата Лисиче е предвидена изградба на кружен тек меѓу булеварот „12 Македонска бригада“ и улицата „Архитект Сотир Томовски“, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните, а посебно на учениците од ОУ „Димитар Македонски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top