| четврток, 6 декември 2018 |

Тилевски: Нови места за рекреација на современ и модерен начин во Охрид

Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот, истакна денес кандидатот за градоаналник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ Митко Талевски.Тој посочува дека во функција на обезбедување подобри услови за економски одржлив развој и инвестиции, а истовремено заштита и унапредување на животната средина, капацитетите за време на нивниот мандат ќе ги насочат кон изградба на велосипедска патека Охрид – „Свети Стефан“, проект кој ќе овозможи безбедно движење на велосипедистите на потегот од излезот од градот до туристичката населба „Свети Стефан“.

-Со оваа патека, охриѓани и гостите ќе имаат можност да го користат своето време активно, практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Оваа мерка е во корелација со мерката за субвенционирање на купување на велоспидед. Планираме партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки: од Пристанште до Канео и Лабино, патеката ќе претставува ново обележје на Охрид и нова можност за рекреација. Тоа повлекува и реконструкција на бедемските ѕидови над плажа Лабино, завршување на бедемските ѕидови и патека од источната страна на Тврдината и изградба на пешачка патека околу целиот комплекс. Во Стар град реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици, пешачка патека од Саат кула до ОУ „Свети Климент Охридски“, изградба на Центар за спортови на вода, изградба на авантуристички (адреналински) паркови. Со овој проект на посебно избрани локации ќе се изградат повеќе авантуристички паркови кои по примерот на развиените туристички дестинации во светот предвидува поставување опрема и реквизити за забава на посетителоте од сите категории (zipline, ferata, висечки скали и патеку, качувачки карпи и сл.) и тоа амбиентално вметнати во самата локација и природа без да се нарушува автентичниот изглед, вели Тилевски кој најави и изградба на вежбалиште за голф.

Тој посочува дека истото ќе служи за учење и усовршување на голф-техниките како неоходен чекор за совладување на основните правила и техники на голфот, како и место за рекреација на голем број граѓани и туристи. Локацијата ќе биде партерно уредено место и на неа ќе бидат позтавени позиции и реквизити за учење и усовршување на голфот. Теренот ќе има свое кафуле и снек-бар како и продавница за голф-реквизити.

-Јас сум убеден дека ја препознавате нашата визија, новата ера за Охрид! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за охриѓани. Имаме одлична програма и ја гледате разликата. Затоа бројот 13 е единствениот избор за светла иднина на Охрид, потенцираше Тилевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top