| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан испукал 100 куршуми со пиштол кој го поседувал без одобрение

Триесет и двегодишниот П.П. во дворот од семејната куќа на неговиот татко Р.П. , во алкохолизирана состојба, а по негово кажување и од лични причини односно револтираност и депресивност испукал околу 100 куршуми во неодреден правец од пиштол марка „Црвена застава„ Крагуевац калибар 9мм долга деветка, кој го поседувал без одобрение.

Како што информира полицијата извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово, при што во тревникот од дворот и кај просторот на влезот од приземјето на повеќе локации пронајдени се 50 чаури калибар 9 мм долга деветка пиштолска муниција.

Во дневната соба од приземјето, пронајден е еден куршум калибар 9 мм долга деветка, како и пиштол кој по посочување на осомничениот е пронајден во внатрешноста од сунѓераст наслон на двосед од гарнитура. Од рацете на осомничениот обезбедени се фолии за барутен тест, како и комплет од крв и урина, истиот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР-Тетово за расчистување на случајот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top