| четврток, 6 декември 2018 |

Минов: Со новата програма ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура

Граѓаните на општина Карбинци заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина, истакна на денешната прес-конференција Зоран Минов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Карбинци.

-Со сите проекти кои ги реализиравме во изминатите 4 години, ликот на нашата општина е целосно променет. Исполнетите ветувања за изградба на прочистелна станица, зелен пазар, детска градинка, мостови, уредувања на речно корито, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење, вели Минов.

Тој посочува дека индустриските зони кои се направени веќе ги даваат своите резултати.

-Со новата Програма ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура, нови проекти за подобро и поквалитетно образование, нови проекти за поголема детска и социјална заштита, проекти за чиста и здрава животна средина, вели Минов.

Во наредниот период, меѓу другото, ќе се посветиме на:

Изградба на клон на детската градинка Кокичиња во село Радање.
Урбано уредување на одводен канал во село Долни Балван.
Изградба и уредување на рекреативно езеро кај археолошки локалитет Баргала.
Изградба на филтер станица на хидросистемот Злетовица со распределени цевководи до постојните резервоари до Таринци, Радање Карбинци, Којзак, Аргулица и Црвуљево.
Изградба на регионален водоводен систем Плачковица со кој ќе се опслужуваат селата Парналија, Ебеплија, Јонузлија, Кепекчелија, Калузлија и Којзак.
Изградба на локални патишта до населените места Калузлија, Ебеплија, Парналија, Кепекчелија, и населбата Вртешка.
Изградба и асфалтирање на преостанатите улици во населените места на општина Карбинци и реконструкција на главните улици, тротоарите осветлување и атмосферска канализација во поголемите места.
Изградба на сточен пазар.
Уредување и геотехничко санирање и стабилизирање на коритото на Којзачка река во село Карбинци како и пејсажно уредување со кеј, велосипедска, пешачка патека и урбана опрема.
Реконструкција на локален пат село Таринци село долни балван по стандарди за магистрален пат и изградба на пешачка и велосипедска патека.
-Општина Карбинци после еден подолг период на стагнација, започна да бележи економски раст, станавме општина во која започнаа да се отвораат нови работни места. Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани. Граѓаните многу добро знаат колку и кога е изградено. Сигурен сум дека граѓаните повторно ќе изберат проекти за развој и просперитет на општина Карбинци, Сите заедно ќе продолжиме да работиме за Општина Карбинци каква што ја сакаме и заслужуваме, посочи Минов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top