| четврток, 6 декември 2018 |

Единаестмина повредени кога автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон

Полицијата првично објави дека случајот „не го терира како чин поврзан со тероризам“, но подоцна соопшти дека „остава отворена претпоставка“ дека инцидентот би „можел да биде поврзан со тероризам“

Вкупно 11 лица се повредени попладнево кога автомобил удри во група луѓе на тротоарот пред Природонаучниот музеј во Лондон, соопштија болнички извори.

Лондонската полиција полиција вечерва информира дека инцидентот сепак не претставува терористички чин.

Полицијата првично објави дека случајот „не го терира како чин поврзан со тероризам“, но подоцна соопшти дека „остава отворена претпоставка“ дека инцидентот би „можел да биде поврзан со тероризам“.

– Се верува дека се повредени одреден број пешаци. Во тек е истрага за утврдување на околностите и причините за инцидентот, соопшти тогаш полицијата, додавајќи дека возачот на автомобилот е приведен.

Телевизјата Скај прикажа аматерска снимка на која се гледа како група полицајци држат легнат на земја црномурест маж, покрај црн автомобил марка „Тојота“.

Полицаец присутен на местото во време на инцидентот за Би-Би-Си изјави дека верува оти пешаците минале со „минорни“ повреди.

Британскиот јавен сервис информира дека веднаш по инцидентот пред Музејот пристигнале поголем број полициски и амбулантни возила и вооружени полицајци, а реонот го надлетувал и хеликотер.

Претставник на Музјеот соопшти дека објектот е затворен и никому не му е дозволено да влезе во него, додека лицата што се затекнале во зградата ја напуштиле преку споредните излези.

Природонаучниот музеј е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top