Лондонската полиција соопшти дека уапси маж кој со автомобил се качил на тротоар во близина на Музејот на природна историјата и повредил повеќе лица.
Полицијата овој инцидент го окарактеризирала како судар и наведува дека ги истражува мотивите за настанот.
„Би-би-си“ објавува дека се работи за полесни повреди. Во меѓувреме стигнале и полицајци вооружени со оружје, а хеликоптери надлетуваат над областа.
Портпаролот на Музејот за „Ројтрес“ изјавил дека никому не му е дозволено да влезе во зградата, а луѓето го напуштаат Музејот на спореден излез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.