После двете полуфинални вечери, на ред дојде и големото финале на „Макфест 2017“, кое ќе се одржи вечерва со почеток од 20.30 часот. Освен 30-те, односно 29 композиции што се наптреваруваа годинава, ова 32. издание на популарниот фестивал го одбележаа и бројните измени, како во наградниот фонд, така и во бројот на финалисти.
Имено, на крајот од двете полуфиналиња за финале се пласираа по 9 композиции, но денеска беше одлучено наместо 18 да има 20 финалисти, односно дадена им е шанса на уште по еден изведувач од претходните две вечери, па одлуката падна на гостинките од Бугарија и Финска, Мартина Иванова и Соња Бишоп, кои ќе настапат под реден број 1 и 2.
Дваесетте финалисти вечерва ќе се натпреваруваат за вредните награди во износ од 5.000 евра за прво место, 4.000 евра за второ и 3.000 евра за трето место, како и по 500 евра за наградите за вокална изведба, аранжман, сценски настап и дебитант, секоја од нив во денарска противвредност. Откако ќе бидат изведени сите 20 композиции, во ревијалниот дел свое шоу ќе има двократната победничка на фестивалот, струмичанката Александра Јанева, а публиката во салата и онаа пред ТВ екраните ќе го даде својот глас за своите фаворити.
Како и во претходните две вечери, гласањето ќе се одвива со праќање на редниот број на композицијата (01, 02, 03…20) на телефонскиот број 141 730, а секоја СМС порака чини 10 денари плус ДДВ. Од една СИМ-картичка може да се гласа само еднаш за една композиција, односно можете да дадете по еден глас за повеќе композиции. Почетокот и крајот на гласањето ќе ги најави водителот на фестивалот.
Директниот пренос ќе се емитува на првата програма на МРТ со почеток од 20.30 часот. Им посакуваме среќа на сите финалисти, а нивниот редослед на настапи е следниот:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


