Битола не може и не смее да биде Струмица. Крајно навредливо за битолчани е да им кажете дека Битола ќе ја направите убава како Струмица и дека ќе ја гасифицирате по струмички терк, истакна на денешната прес-конференција Иванчо Тошевски – кандидат за советник на Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакнува дека битолчани треба да знаат дека тоа значи: дотур на гас по пунктови со цистерни, што е крајно ризично и небезбедно, висока цена на гасот кој би бил добавуван од трета рака , отворена шанса за манипулација преку тендерот за гас и можност за богатење на некој од клановите на Заев и Анѓушев на грбот на битолчани.
-При обезбедени пари и проекти во трајни решенија со гасификација и топлификација, ваквите импровизации се несериозни и значат потценување на интелигенцијата на битолчани, нагласува Тошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


