Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски не го криеше задоволтвото по одличното реми на нашата репрезентација против силната селекција на Италија.
Македонија со одлична игра во второто полувреме дојде до реми против Италија. Нашата селекција импресионираше со пристапот во играта на гостувањето кај четирикратниот светски шампион.
– Кога нема да загубиш на гости кај селекција како Италија мора да бидеш задоволен. Заслигуте одат за сите играчи кои настапија, а карактерот на овие фудбалери треба да го видиме против Лихтенштајн. Во Скопје не заслуживме да загубиме, па можеби сега ни се врати. Бевме одлични и во двата меча – вели Ангеловски.
Натпреварот го реши Александар Трајковски кој влезе од клупата за резервни играчи.
„Пред мечот беше договорено Трајковски да влезе, тој беше џокерот. Направи пресврт и во играта со Албанија, па ова не е случајност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст