| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Си реков ќе шутнам најсилно што можам и дадов гол

Александар Трајковски уште еднаш се покажа како џокер на Македонија. Влезе од клупата за резерви и даде гол за реми 1:1 против „аѕурите”.

– Покажавме и во Скопје дека може да се спротиставиме и на една ваква селекција. Многу сум задоволен иако влегов од клупата секогаш го давам максимумот на терен. Не се играат секогаш вакви мечеви. Не може секогаш да се одигра вака против голема селекција. Ако продолжиме вака да се бориме ќе имаме многу подобри резултати“, рече Трајковски веднаш по натпреварот.
Напаѓачот на Палермо е среќен што успеа да го совлада легендарниот италијански чувар на мрежата, Џиџи Буфон.

„Најважно да продолжиме вака да играме. Знаев дека сум во ситуација дека можам да шутирам. Си реков ќе шутнам најсилно што можам . така и направив, шутнав во споротивниот агол и дадов гол. Го совладав големиот Буфон и навистина сум среќен“, ја објасни ситуацијата кога го даде голот и донесе радост на македонската фудбалска јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top