| четврток, 6 декември 2018 |

И соседите имаат своја верзија на семејната драма на пејачката

Семејната драма помеѓу Снежана Ѓуриѓиќ и нејзиниот син Марко Гвозденовиќ веќе со денови ги полнат медиумските страници.

Тој тврди дека мајка му го исфрлила од дома и му забранила да се врати во семејниот дом.

Имено, локалната продавачка открила дека во куќата на Снежана сѐ уште живее нејзината снаа и внукот Лука, поранешната сопруга на Марко, додека Марко одамна не е добредојден таму.

Соседите велат дека Марко отсекогаш бил проблематичен, можеби бидејќи отсекогаш имал сѐ што ќе посака, а Снежана никогаш не зборувала за него, ниту пак имала комуникација со соседите. Тие главно сѐ чувале за себе и се преправале дека сѐ е во ред.

Дека Снежана го исфрлила Марко од дома потврдил и самиот тој во интервју, велејќи дека мајка му сѐ му одземала по смртта на татко му и дека повеќе не сака да биде во контакт со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top