Градоначалникот на Прилеп и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден четиригодишен мандат, Марјан Ристески, вечерва ја побара поддршката од своите прилепчани ветувајќи им дека за прв пат на историјата на Прилеп партерно ќе биде уредено речното корито по целата негова должина, градската река ќе биде гордост на градот.
–Нови кружни текови и реконструкција на мостовите, комплетна реконструкција на старата чаршија. Ќе се продолжи пешачката улица до ООУ „Кочо Рацин“, поплочување на уличките позади Бизнис центарот. Нов плоштад кај стара црква. Со ова Прилеп ќе има најрепрезентативен центар во Македонија. Нови булеварски улици: 11 Октомври, Кеј 1 мај, Цар Самоил, доасфалтирање на сите улици во градот и населените места и поплочувања на тротоарите, набавување на нови автобуси за градскиот превоз и негово осовременување со воведување на нови линии како во градот така и до сите населени места. Продолжување со реконструкциите во училиштата, изградба на нови термо фасади за енергетска ефикасност, нови спортски терени и инвентар во училиштата. Доградба на градскиот стадион „Гоце Делчев“, за 2 години Прилеп ќе го има новиот храм на фудбалот. Нови 100.000 м2 парковски површини во различни делови од градот. Секоја населба ќе има централен парк. 3 нови сали, нови терени за спорт, нови мултинаменски игралишта за кошарка, фудбал,ракомет, одбојка, тенис. Збогатување на арената во Лагово со нови содржини како картинг, маунтин бајк, пеинт бол и многу други содржини. Дисперзирано инвестирање во сите населени места со нови канализациони и водоводни системи, патишта, осветлување, игралишта, и други содржини. целта е изедначување на условите за живот во селата и градот. Доасфалтирање и завршување на изградбата на канализациониот систем во населбата Тризла со претежно ромско население и комплетно урбанизирање и уредување на ромските гробишта и урбанизација на дабнички канал, рече тој.
Негова цел е Прилеп да продолжи и понатаму да биде центар на културни и спортски манифестации – предводник во алтернативниот туризам.
–Ќе се изгради центар за туризам „Крали Марко“ во населбата Варош, најстарата населба. Продолжуваме да бидеме една од најхуманите општини во македонија, да се грижиме за социјално ранливите категории и максимална помош на лицата со посебни потреби. Набавка на инвалидски електрични колички од страна на општината. Да го направиме Прилеп смарт град, Прилеп паметен град, Прилеп европски град. Ветуваме уште 200 реални проекти кои ќе се реализираат заедно со вас почитувани граѓани, а тие проекти се во програмата „Нова ера за Прилеп“, која ќе стигне до секое домаќинство. Ве молам да ја прочитате и добро да размислите дали ќе одиме напред со млади и докажани луѓе или ќе одиме со луѓе од минатото без никаква визија и концепт за развој на градот, порача Ристески.
Тој ги повика сограѓаните од секој дел на Прилеп да излезат сложно и да ја поддржат коалицијата „За подобра Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст