Претседателот Ѓорѓе Иванов од денешнава конференција Кина- Централна и Источна Европа која се одржува во Охрид упати критика до Европската Унија за немање интерес за поддршка на крупни капитални инфраструктурни проекти.
„Македонија сака да биде дел од ЕУ во која постои слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал. Но за рамноправно да се вклучиме во европскиот економски простор, неопходно е да сме рамноправен дел и од европските патни, железнички и енeргетски коридори.На ова поле се соочуваме со парадокс.Бидејки ЕУ се уште не ги подржува крупните инфраструктурни проекти одлучивме со поволни кинески кредити од иницијативата 16 плус 1, да градиме важен дел од Коридор 8“. – изјави Ѓорге Иванов, претседател на Р.М
Експертите објаснуваат дека на регионот му се на располагање големи финансиски средства од Кина кои можат да се искористат, но дека за тоа е потребна поголема работа од страна и владините институции.
„Има многу финансиски можности.Механизмот 16 плус 1 кој вклучува 16 држави од Централна и Источна Европа и Кина.Првиот механизам беше тежок 10 милијарди долари и од тој механизам се финансира се и автопатот кој го градат кинезите во Македонија.Ја имаме азиската развојна банка која во моментот држи 50 милијарди долари.Многу е важно да се дојде со некој конкретен предлог но треба да се има во предвид дека кинезите не го работат тоа затоа што имаат многу пари туку дека мотив е бизнисот“. – изјави Матеош Рашкович- универзитетски професор од Љубљана
„Кина веќе работи некои инфраструктурни проекти во Македонија и се однесуваат во најголем дел на патната инфраструктура.Од договорот на компаниите со едната или другата страна зависат сите други проекти кои ќе се реализираа во иднина.Првиот и најважен дел од нашата понатамошна соработка е да го продлабочиме меѓусебното разбирање“. – вели Дејун Цао- универзитетски професор од Кина
Заклучокот е дека компаниите од Македонија и Кина треба да се запознаат многу подобро но и да пронајдат проекти кои ќе бидат од корист на двете држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.