| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски вети изградба на спортска сала во училиштето „Наце Буѓони“ во Куманово

Кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција вети изградба на спортска сала во средното училиште „Наце Буѓони“.

– Продолжуваме по она по коешто сме препознатливи, со прецизно дефинирање на проектите кои планираме да ги реализираме во наредниот четиригодишен мандат, со прецизни рокови и вредност на објектите. Еден од нив со кој планираме да ја оправдаме довербата на граѓаните, кои ќе не изгласаат, е изградба на спортска сала во „Наце Буѓони“. Изградбата на спортската сала е ветувана многу пати досега, но не е реализирана, а бидејќи ова училиште е старо 50 години со над 1.900 ученици, сметаме дека ова ќе биде топ проект за училиште кое се наоѓа во централното градско подрачје, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека во изборната програма е предвидена и изградба на спортски сали во гимназијата „Гоце Делчев“ и средноучилишниот центар „Јероним де Рада“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top