| четврток, 6 декември 2018 |

За „Бела ноќ“ отворено и бесплатно од 18 часот до полноќ во Археолошкиот музеј

Како и секоја година, НУ Археолошки музеј и оваа година ќе се приклучи на настанот „Бела ноќ“, кој што по 13 пат годинава ќе се одржи на 07 октомври, односно од сабота навечер.

Во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје, и за оваа „Бела ноќ“ овозможено е да бидат опфатени визуелните уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип), како и применетите уметности (архитектура, визуелен/ индустриски/ веб дизајн, мода, дигитални креации, видео арт и инсталации), музика, филм, јавна уметност и урбани изведби и перформанси.

Како и повеќето институции од културата, во оваа долга вечер, ќе продолжи да работи и НУ Археолошки музеј на Македонија. Од 18 часот, па се до полноќ, посетителите ќе можат бесплатно да ја видат музејската поставка. Последен термин за влез е 23 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top