Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром најави изградба на нова детска градинка во рамките на градинката „Сонце“, со која изградба се планирани четири нови занимални и згрижување на уште 120 деца.
-Денеска се наоѓаме во Реонски центар – Аеродром, со цел да ги промовираме проектите предвидени во изборната програма за оваа населба. Како еден од поважните проекти меѓу нив е изградбата на нова детска градинка во рамки на градинката „Сонце“ што се наоѓа зад нас. Изградбата на новиот објект подразбира 4 нови занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 120 деца. Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да го дадат својот глас за мене и за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овој, туку и други проекти во Реонски центар меѓу кои – изградба на пешачка патека што ќе го поврзе со населба Лисиче, изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација пред ОУ „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“, изјави Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст