| четврток, 6 декември 2018 |

Партиската полиција на Заев и Спасовски вечерва приведе активисти на Демократската партија на Србите

Активисти на Демократската партија на Србите вечерва се уапсени во Старо Нагоричане, само затоа што, како што дознава Курир, делеле промотивен материјал од својата кандидатка за градоначалник на оваа општина, Елена Јакимовиќ. На активистите од партијата на Стоилковиќ, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, им било речено да престанат промоцијата на својот кандидат, а потоа биле уапсени.

СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски продолжуваат да ја злоупотребуваат полицијата преку закани и апсења на политичките противници, недозволувајќи рамноправна битка во пресрет на локалните избори.

И додека Заев тврди дека немало место за изборни нерегуларности и имале обврска за чисти избори, на терен власта предводена од него и СДСМ го практикува токму спротивното преку злоупотреба на полицијата во предизборни цели, притисоци и закани кон активисти на нивните политички противници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top