| четврток, 6 декември 2018 |

Судбината на Украина се решава на 7 октомври во Белград: Зошто Путин и Трамп праќаат свои луѓе токму во српската престолнина?

Специјалниот пратеник на САД за ставање крај на судирот во источна Украина, Курт Вокер, и помошникот на Кремљ, Владислав Сурков, ќе се состанат на 7. октомври во Белград, а темата е планетарно жешка – ситуацијата во Украина.
Политичкиот аналитичар Драгомир Анџелковиќ смета дека ова е знак дека Србија се враќа на светската дипломатска сцена, пишува Kurir.rs.
“По распадот на Југославија, нашата држава се нашла на маргините на меѓународните односи. За нас голема работа било кога преговорите се одвиваат на начин да сме вклучени, но никогаш не сме биле дел од посериозни приказни, односно никогаш не сме биле местото каде ќе се сретнат претставници на големи сили во врска со некои други зони, ниту на некој начин сме биле вклучени во сето тоа”.

Анџелковиќ вели дека најавената средба ја враќа Србија на позицијата на Југославија од времето на златната дипломатија, без разлика на идеолошкиот контекст:
“Во еден период СФРЈ играла значајна улога меѓу Западот и Истокот. Ако американско-руската средба се одржи кај нас, а судејќи по се ќе се одржи во врска со Украина, Србија повторно ќе се маркира на светската мапа како значајна дипломатска дестинација, и тоа секако е потврда за нашето политичко балансирање. Бидејќи, ние сме една од ретките земји кои имаат добри односи и со Русија, па дури и стратешко-партнерски врски, а од друга страна сме во позиција и со Западот да одржуваме добри односи. Мислам дека и нашата позиција во врска со сите прашања кои се од големо значење за нас, како Косово и Република Српска, би можела да биде многу подобра по таа средба”.


Иако до состанокот меѓу претставниците на САД и Русија во Белград доаѓа бидејќи Вокер не сака да оди во Русија, а на Сурков му е забранет влез во ЕУ, фактот дека политичките претставници на двете највлијателни земји на светот ќе се состанат во Белград, позитивно ќе влијае на угледот на Србија.

Богдан Беспаљко, член на претседателскиот совет за меѓународни односи, ги поздравува сите видови на преговори, но не е сигурен дека на нив ќе дојде до некои конкретни резултати.


“Курт Вокер инаку е познат како некој што се заложува за што поголем притисок на Москва, за Русија да прифати максимални отстапки. Вокер смета дека одговорноста за тоа што се случува во Донбас ја сноси исклучиво Русија, иако во Минскиот договор, кој САД декларативно го поддржува, пишува дека страните на конфликт се Киев и Донбас. Факт е дека средбата позитивно ќе влијае на угледот на Србија”.
Претходниот состанок меѓу Сурков и Вокер бил одржан во Минск на 21. август, а се одвивал зад затворени врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top