Кандидатот за градонач алник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски, најави реконструкција на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот. Како што рече на денешната прес конференција, квалитетни и препознатливи градби како и напредни услуги за граѓаните се неопходен чекор за создавање и одржување на растот и развојот на Охрид.
– ВМРО-ДПМНЕ не застанува, како што не застана и претходните години. Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани. Ги презентираме двата проекта како едни од главните идеи кои се дел од програмата која ќе ја реализираме во перидот 2017-2021. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување и за таа цел ќе се пристапи кон реализација на овој проект. Планирано е да се изгради нов и модерен плоштад со кој охриѓани и туристите ќе се гордеат и ќе биде најубаво уреден центар пошироко во регионот. Комплетно партерно уредување. Нов и модерен лик ќе добие Плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот со цел граѓаните да добијат уште едно уредено катче, да се постават канделабри со поставување на лед светилки за осветлување на плоштадот, изградба на фонтана, посадување садници, и поставување клупи, канти за отпадоци, и друга урбана опрема кои ќе бидат во склоп на плоштадот, рече Тилевски.
Додаде дека Охрид ќе добие два нови плоштада каде што ќе се одржуваат познати културни и музички манифестации и дека со овие проекти ќе се добијат убаво уредени места каде ќе може населението да се релаксира, разговара и да го поминува слободното време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст