Во сојузната американска држава Вајоминг, полицијата уапсила човек кој тврдел дека доаѓа од иднината.
Брајант Џонсон дал предупредување за присутните дека „вонземјаните доаѓаат наредната година и мора да се подготвиме за заминување од планетата“.
Полицијата го уапсила младиот Американец под обвиненија за „недолично однесување и беснеење во алкохолизирана состојба“, додека тој им извикувал на луѓето кои поминувале покрај него дека „доаѓа од годината 2048 и е пратен тука да не предупреди дека вонземјаните ќе ни ја уништат планетата“.
Исто така, бил убеден дека вонземјаните кои го пратиле да не предупреди му ја наполниле крвта со алкохол за да му помогне при транспортот.
Џонсон рекол дека требало да биде пратен во 2018 година, но по грешка пристигнал во 2017 година, па сакал да ја искористи таа шанса за да нѐ предупреди. Тој одбил да зборува со докторите и сестрите кои сакале да го прегледаат, и побарал да зборува со „претседателот на градот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст