Роберт Де Ниро, Морган Фриман, Мајкл Даглас, Вупи Голдберг, Мет Дејмон, Алек Болдвин и многу други холивудски актери се здружија да побараат од светските лидери свет без нуклеарно оружје.
Повикот е јасен и гласен – видеото почнува со најпознатите а завршува со обични луѓе на оваа планета, и сите тие бараат само едно – светот да се ослободи од нуклеарното вооружување.
Пораката доаѓа само неколку дена пред Самитот на Г-8 во Северна Ирска (на 17 и 18 јуни) каде Барак Обама и Владимир Путин ќе зборуваат за нуклеарното вооружување.
Видеото го сними меѓународната организација „Global Zero“ формирана во 2008 со цел да се крене гласот на светското население да се уништи
нуклеарното оружје.
Иницијатор истата порака да ја пратат холивудските актери е Мајкл Даглас, кој ги повикал своите пријатели да го сторат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


