Хрватска се согласи да прими 150 бегалци од Сирија, кои ќе бидат префрлени директно од камповите на турска територија, соопшти хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Како што јави Хина, Божиновиќ додаде дека во 2018 година Хрватска ќе прими уште 100 сириски бегалци сместени во Турција.
Првата група ќе пристигне во земјата при крајот на ноември или на почетокот на декември. Дополнително, Хрватска треба да прими и 550 лица кои побарале азил во некоја од другите земји на Европската Унија, а со денешната одлука на Владата, оваа бројка ќе се зголеми на 650.
Директниот прием на бегалци, кои се сместени во турските кампови е една од основните точки на договорот што минатата година Европската Унија го постигна со Турција, со цел да се запре балканската мигрантска рута.
Паралелно со тоа, Германија, Шведска, Австрија и другите земји кои примија најголем дел од бегалците и мигрантите, бараат од другите земји членки да примат одреден дел од барателите на азил, на што дел од членките на ЕУ како Полска и Унгарија силно се спротиставуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст