Во последниот четвртфиналниот натпревар на СП во Шпанија, кој имаше предзнак на финале пред финалето, Хрватска ја победи Франција со 30-23 и по две титули ги остави “галските петли” без медал на 23. мундијал. Во дуелот во Сарагоса “коцкестите” беа разновидни во нападот и водеа низ сите 60 минути(13-12 на полувреме), за заслужен триумф во дербито од овој елиминациски круг на шампионатот. Најдобaр поединeц кај Хрватска беше Дувљак со 9 голови.
Хрватска во полуфиналето в петок ќе се сретне со Данска која во Барселона беше подобра од Унгарија со 28-26. Линдберг учествуваше со 10 голови во успехот на актуелниот европски првак кој просперираше во квартетот поради извонредните први 30 минути во кои создаде предност од 18-11.
Втората полуфинална двојка предходно во текот на попладнето ја составија Шпанија и Словенија. Домаќините со пресврт во вториот дел и со сесрдна помош од арбитрите ја победија Германија со 28-24, а Словенците ја искористија недисциплината и неврозата на Русите која резултираше со 11 исклучувања за конечни 28-27 и за прво полуфинале на Светските првенства.
Од досегашните настапи на СП Хрватска има злато од 2003.година и три сребра, Шпанија поседува едно злато од 2005.година и една бронза, а Данците во два наврати беа сребрени, последен пат, пред две години во Шведска.
Денешни резултати:
СЛОВЕНИЈA-РУСИЈА 28-27
ШПАНИЈА-ГЕРМАНИЈА 28-24
УНГАРИЈА-ДАНСКА 26-28
ХРВАТСКА-ФРАНЦИЈА 30-23
В петок во полуфиналето во Барселона:
Данска – Хрватска (19.00/21.30)
Словенија – Шпанија (19.00/21.30)
В сабота (19.00) е борбата за третото место.
В недела (17.15) е финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.