| четврток, 6 декември 2018 |

Јован Радњански создаде нова песна за годишнината од брак

По двегодишна пауза, поп пејачот Јован Радњански сними нова песна која го носи насловот Срце од друг. Комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот е токму Јован, гитарите се отсвирени одАлександар Наумчев, а како продукцент се јавува Перо Манев.

„На македонската публика ѝ подарувам една прекрасна поп нумера која ја напишав од срце и се надевам дека ќе допре до сите, посебно оние кои имаат проблеми во љубовниот живот. Овој текст иако е напишан од срце, сепак не е дел од мојот живот. Јас искрено уживам во брачниот живот. Признавам дека брачните обврски малку ме оддалечија од правењето музика, но еве на годишнината од мојот брак ја подарувам „Срце од друг”-  вели Радњански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top