| четврток, 6 декември 2018 |

Како мала сите и се смееле поради големите стапала, денес е една од најценетите актерки!

Родена е во семејство кое не биле баш најдобро материјално ситуирани. Таткото и бил изведувач на работи на базен, а мајката келнерка. Кејт Винслет е родена на 5. октомври 1975 година.

Интерес за глума почнала да покажува уште како млада. Веќе на 11 години ја добила првата улога во театарска претстава, а н телевизија се појавила за прв пат во 1991 година. Од тогаш почнале да се редат филмови, а најзапаметена ќе остане во „Титаник“. Ретко кој останал имун на тажната сцена со Роуз и Џек и крајот на оваа љубов.
Тогаш станала уште побарана актерка. Цртеж од нејзиното тело кој настанал во филмот бил продаден на аукција за 16.000 долари, а во 2012 година добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Еден детаљ од нејзиното детство сведочи дека пријателите ја исмевале поради големите стапала, но се изборила со ситните проблеми кои ги има скоро секое дете и се истакнала како ѕвезда која сега е една од најголемите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top