| четврток, 6 декември 2018 |

Заеви го товараат бродот – стануваат главни увозници на нафта во Македонија

По доаѓањето на власт на СДСМ, дојде живот за фамилијата Заеви. Компанијата „Тритерол“, која е во сопственост на близок соработник и бизнис партнер на фамилијата Заеви, доби лиценца за увоз на нафта и нафтени деривати..

-Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, донесе одлука за издавање лиценца за вршење енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со Еуродизел БС, Биодизел, Еуросуер БС 95, Екстра лесно 1 и Течен нафтен гас, на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ СТРУМИЦА. – стои во Службениот весник број 102 од 05.08.2017 година.

Кога малку ќе се погледне во минатото и активностите на Тритерол, станува јасно зошто токму оваа фирма сега добива лиценца за увоз на нафта и нафтени деривати.

Сопственик на Тритерол е Горан Крстев, еден од омилените бизнис пајташи на Зоран Заев, кој додека Заев беше градоначалник на Струмица доби тендери во вредност од скоро еден милион евра. Горан Крстев е сопственик и на дел од Глобал, трговскиот центар за кој премиерот Заев доби аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, за криминал тежок 8 милиони евра, со што на судството не му беше дозволено да го докаже криминалот кој тогаш го правел градоначалникот на Струмица. Покрај тоа што сопственик е еден од омилените бизнис другари на премиерот, управител на фирмата е Лефтер Андонов, кој на тоа место доаѓа во 2013 година, тој во 2008 година бил потпретседател на СДММ, како и член на Централниот одбор на СДММ, со што уште еднаш се покажува големата партизираност која се прави во Македонија.

Дека има големи скандали помешани со оваа фирма пред повеќе од една гласно велеа и од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев кажа дека мрежата на кланот Заев, е продолжена со уште една фирма преку која се испумпувале пари на струмичани.

-Па така мрежата на кланот Заеви се надополнува со уште една фирма на близок човек на Заеви. На 16.09.2014-та година фирмата на функционерот на СДСМ добива 8 тендери во ист ден во вкупна вредност од 17 905 040 денари. Значи толку пари од касата на Струмица биле наменети на сметката на фирматѕа на функционерот на СДСМ. Дополнително оваа фирма од општината Струмица има добиено уште 4 тендери во вкупна вредност на договорите од приближно 700 илјади денари. Значи околу 18 милиони денари од касата на Општина Струмица, во џебот на фирмата на функционер од СДСМ, што многу јасно кажува зошто Струмица плаќа поскапа цена од една Битола. Најскандалозното, само со еден тендер склучен на 02 септември минатата година фирмата Тритерол доел добила 37 842 120 денари или само со еден тендер 615 илјади евра. Или вкупно Тритерол од општина Струмица со која управува Заев добила тендери во висина од близу еден милион евра, на една фирма, на функционер на СДСМ, изјави Пишев во јуни 2016 година.

Градоначалникот на Дојран, Борче Станов уште пред нешто помалку од 4 години говореше за поврзаноста на Зоран Заев и Горан Крстев, тој Крстев го нарече близок пријател и омилен бизнис партнер на Заев, на кого сегашниот премиер му обезбедувал приходи без да бира начини за тоа.

Тоа го правел и преку фирмата „Сара Јавор Инженеринг“, каде што денес Горан Крстев е бизнис партнер и ко-сопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев. Зоран Заев освен што му обезбедил купување на атрактивно градежно земјиште по едно евро за метар квадратен на Горан Крстев, како и јавни набавки во вредност од 1 милион и 600 илјади евра на неговата семејна фирма „Јавор Шпед ДООЕЛ“, му обезбедил и дополнителни 6 јавни набавки на име на друга негова фирма со име „Сара Јавор Инженеринг, кажа Стамов во јануари 2014 година.

Струмичката компанија беше вмешана во еден голем скандал со превоз на ученици. Оваа компанија не ги почитувала законите и обврските кои и следуваат. Така, тогаш било констатирано  дека материјалната евиденција за трговија на големо не се наоѓа во складот на нафтени деривати.

Тогаш увиден бил уште еден прекршок, а тоа е дека оротогомерачите не поседуваат документи од Министерството за економија, Биро за метеорологија за верификација.

Дополнително, во резервоарите немало оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање на петодневен просечен обем на трговија. Оперативните резерви е обврска од Законот за енергетика. Токму тука е направено најголемото прекршување, бидејќи поради лакомоста по повеќе пари не можеле да ги исполнат своите обврски. Колку што првиот човек на Тритерол добивал повеќе пари од општина Струмица, толку повеќе имал обврска да складира. Оперативната резерва мора да покрие петодневен промет, а во складовите немало толку место.

Станува збор за кривично дело кое може да повлече и одземање на лиценца и забрана за дејност.

Тритерол исто така беше и главен превозник на луге, кои СДСМ ги носеше од Струмица за време на тогаш опозицискиот протест во Скопје.

Граѓаните се разочарани од секојдневните скандали на оваа власт, тие велат дека не дале мандат на Влада која ги штити само интересите на своите блиски луге, туку дека сакаат Влада која се грижи за сите граѓани. Тие му порачаа на Заев дека наместо да дава тендери и бизниз погодности на неговите пајташи, треба да почне да работи на реализација на ветувањата од предиозборниот период, најголем дел од нив како што велат веќе и заборавени од премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top