| четврток, 6 декември 2018 |

Нови докази за нерегуларности: Претседателот на општинската изборна комисија Охрид и Спасовски агитираат за СДС

Од ВМРО-ДМНЕ обвинуваат дека Социјалдемократскиот сојуз и Заев најгрубо ги партизираат и силуваат институциите, а со тоа и директно го нарушуваат изборниот процес.

Позади мене, на овој екран, имаме слика од вработена во Студентскиот дом ПЕЛАГОНИЈА, која според наши извори била принудена во текот на работното време да носи партиска маичка со партиски обележја од Социјалдемократскиот сојуз се со цел влијаење врз студенти кои домуваат во студентскиот дом. Ова е најгрубо партизирање на институциите од страна на Социјалдемократскиот сојуз. Ова е директно нарушување на изборниот процес. Ова е класично мешање на партија и држава, што Социјалдемократскиот сојуз го спроведува уште од првиот ден, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа Арсовски за жал, ова не е прв случај на мешање на партија и држава. Тој напомена дека Социјалдемократскиот сојуз ги запоседна институциите со своите партиски кадри, кои се во функција и им водат изборна кампања на кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз.

На другата слика можеме да ги видиме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз во Охрид, Јован Стојаноски во придружба на Димитар Вервезовски, претседател на Општинската изборна комисија во Охрид. Значи замислете, човекот кој треба да гарантира фер избори, оди заедно во кампања и агитира за кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз и тоа во придружба со министерот за внатрешни што, по секоја логика, полицијата треба да биде непартиска, изјави Арсовски.

Арсовски кажа дека има и уште еден случај на мешање на полицијата и партијата.

На третата слика можеме да забележиме дека на партиски настан во Росоман каде што се појавува Радмила Шекеринска, во нејзина придружба е Тони Стојанов, кој е инспектор во ПС Кавадарци. За овој човек имаме информации дека редовно се појавува на партиските настани на Социјалдемократскиот сојуз. Социјалдемократскиот сојуз во министерството за внатрешни работи ги маргинализираше професионалните кадри, а за сметка на тоа постави партиски кадри кои секојдневно агитираат и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз. Бараме одговорност и брза реакција од страна на надлежните и исто така ги повикуваме сите релевантни институции кои се вклучени да ги следат нерегуларностите во изборниот процес веднаш да реагираат на нарушувањето на изборниот процес и најгрубото мешање на партија и држава од страна на Социјалдемократскиот сојуз, изјави Арсовски.

Сите овие примери се уште еден доказ дека Социјалдемократскиот сојуз се исплашени, затоа што ќе ги изгубат изборите на 15-ти октомври и затоа што на терен ги вадат сите свои партиски кадри од институциите да вршат притисок врз гласачите. Но сепак сето ова им е џабе, бидејќи граѓаните ќе ги поразат на 15-ти октомври со пенкалото во рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top