| четврток, 6 декември 2018 |

Најсилниот лек против депересија цело време ни бил пред очи?

Тим на австралиски стручни лица откри ефикасен начин за надминување на депресијата.

Во студијата објавена во „Американското списание за психијатрија“ а траела 11 години, учестувале повеќе од 22 здрави Норвежани.

Тие на почетокот и на крајот на студијата говореле и одговарале на прашања во врска со нивната психичка состојба и практикување на физичка активност.

На почетокот на студијата 12 отсто од испитаниците изјавиле дека не вежбаат, додека одговорите на другите учесници варирале од „вежбам до 30 минути неделно“ до „вежбам повеќе од четири часа неделно“.

Во наредната деценија, седум отсто од испитаниците покажале симптоми на депресија, додека анксиозноста се појавила кај девет отсто од испитаниците.

Резултатите покажале дека луѓето кои изјавиле дека не вежбале имале 44 отсто поголеми шанси да заболат од депресија во споредба со луѓето кои изјавиле дека вежбаат од еден до два часа неделно. Кај испитаниците кои вежбале повеќе од два часа неделно, не е пронајдено никакво дополнилтено позитивно дејство на физичка активност на психичката состојба.

Иако не е пронајдена никаква директна врска меѓу вежбањето и депресијата, научниците строго препорачуваат физичка активност бидејќи таа ги контролира другите потенцијални фактори за развој на психичките заболувања како старост, пол, пушење, конзумирање на алкохол и индекс на телесната маса.

Вежбањето не мора да биде интензивно, како ни долготрајно, истакнуваат научниците. Еден час неделно е сосема доволно, бидејќи се покажало дека вежбањето позитивно влијае врз менталното здравје.

Ако хипотезата на научниците од Австралија е точна, тогаш 12 отсто од случаите на депресија може да се спречат само со вежбање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top