Интересите на граѓаните се во сенка на личните интереси на Кочо Анѓушев. Порталот, Економски дојде до уште една информација за вице-премиерот за економски прашања, која отвара сомнеж дека ја злоупотребува службената функција.
Имено, според засега непотврдени сознанија Анѓушев почнал да купува вагони за пренос на косовски јаглен кој ќе го продава на ТЕЦ Осломеј. Проектот насловен ,,Модернизација на ТЕЦ Осломеј во општина Кичево’’ беше оспоруван од општината со посочување дека со работењето на оваа термоцентрала се загадува животната средина. Според сознанијата до кои дојде економски, тоа не го спречува Кочо Анѓушев во намерата да го рестартира ТЕЦ Осломеј и преку неговите фирми да го снабдува со суровини, во случајов со косовски јаглен. – пишува Економски.
Според порталот, на повидок е нов „бонбона бизнис“. Според претходната практика, не е првпат зделките во кои се инволвирани фирмите на вицепремиерот Анѓушев да мирисаат на конфликт на интереси и злоупотреба на својата службена функција. Конфликт на интереси имавме и во случајот со државниот тендер од 2,6 милиони евра на ЕЛЕМ во кој учествуваше фирмата Фероинвест и во случајот „Акумулатори“ во кој се предвидува бесцарински увоз на литиум – јонски акумулатори кој ги користи само фирмата „Брако“ која е во негова сопственост.
Кочо Анѓушев се гледа низ призмата на парите. Реакциите на граѓаните на општина Кичево, воопшто не допираат до неговата свест. Личното богатство на Анѓушев дополнително ќе се зголемува на сметка на буџетот кој сите граѓани го полнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.