| четврток, 6 декември 2018 |

Mлад фудбалер загина во сообраќајка – со џипот удрил во минибус

22- годишниот Дамир Кошута, фудбалер на ФК Петровац загина во сообраќајна несреќа која вчера околу 16 часот и 20 минути, се случила во Црна Гора, кога автомобил „Рено“ удри во комбе полно со туристи од Франција.

Дамир бил совозач во автомобилот, а во истиот биле уште двајца негови соиграчи.

Со скршена нога завршил 23- годишниот  Матија Божановиќ, а полесно повреден е 20- годишниот Јапонец, Шоу Јамомото.

Вкупно осум лица се повредени и пренесени во которската болница, а сите надлежни екипи излегле на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top