Во издание на издавачката куќа„Арка”од Смедерево, деновиве излегоа од печат романите: „Рогот на љубовта”, „Градинар, пустина” и Америка, Америка” од познатиот македонски писател Божин Павловски. Делата на српски јазик ги преведоа Ристо Василевски и д-р Лилјана Стеиќ. Изданијата се проследени со инструктивни поговори од Миќа Цветиќ, Ефтим Клетников и Душан Стојковиќ.
Според соопштението на издавачот, во текот на ноември ќе бидат одржани повеќе промоции на трите романи на акад. Божин Павловски во Белград и во некои други градови на Србија, на кои за нив ќе зборуваат истакнати српски книжевни критичари.
Божин Павловски (Жван,1942) е автор на деветнаесет романи,високо вреднувани од критиката.Негови дела се преведени на: француски,руски,украински,италијански,англиски,албански,бугарски,српски,словенечки,полски,чешки,турски и на грчки јазик.
За својот богат прозен опус Павловски е добитник на повеќе национални и меѓународни книжевни награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.