| четврток, 6 декември 2018 |

Секс во тројка завршил фатално за две жени

Две жени во германското гратче Бад Брајсиг завршија во болница со скршеници откако секс во тројка завршил наопаку.
Едната жена го скршила стопалото и ногата паѓајќи од балкон од височина од три метри токму во моментот додека доживувала оргазам. Нејзината пријателка гола се стрчала да ѝ помогне, но се сопнала по скалите и си ја скршила едната рака и го повредила вратот.
Мажот кој учествувал во тројката морал детално да ѝ раскажува на екипата на брзата помош што се случило, опишувајќи ја секс позата што ја изведувал со пријателките на балконот.
Полицијата не покренала никаква истрага затворајќи го настанот како несреќен случај. Во полицискиот извештај не е наведена ни возраста на повредените жени, ниту на пријавувачот на настанот заради заштита на нивната приватност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top