Многу јако ќе победиме. Ќе се чудат што ги снашло. Ѓорче ќе ги поздрави. Ќе победиме многу моќно во Ѓорче Петров и тоа ви го ветувам, порача Владо Мисајловски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.
На почетокот на митингот тој ги информираше граѓаните дека денес во неговата фамилија се случи една трагедија.
–Се запали нашата семејна куќа, изгоре до темел. Но, јас сум денес многу среќен човек. Моите родители се живи и здрави и имам многу, многу пријатели. Тоа е нешто непроценливо. Само снајпери горе ќе ме запрат, ништо друго. Ни тоа нема да ме запре.Ѓорче ќе победи, ќе победи советничката листа, ќе победи Градот Скопје, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ во цела Македонија, рече Мисајловски.
Тој потенцира дека нивните политички противници имаат три проекти, а тоа се воздух, ветер и магла.
–На 15-ти октомври ќе доживеат тежок дебакл. Тоа ви го ветувам јас од Ѓорче Петров. Јас и целиот мој тим јавно ветуваме дека сето она што ќе го кажеме стоиме позади тоа. И ќе одиме во секое маало, во секоја улица и ќе го сработиме она што го има во нашата програма. Ја имаме една од најдобрите програми за Ѓорче Петров. Имаме многу конкретни проекти за секое населено место, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст