1. Луѓето родени на првиот ден во месецот се како шеќер и сол. Изгоруваат во љубовта и никогаш се не повлекуваат во тишина. Не е добро да им се замерите.
2. Родените на втори се карпи. Да се биде со нив е голема чест, но и меч. Никогаш не простуваат “предавство”.
3. Оние кои се родени на трети се камен. Опиеноста со самите себе си честопати завршува лошо по нив. Без нив не се може, а со нив не е лесно.
4. Личностите родени на четврти се како малите кучиња. И питомите гризат, зарем не? Со нив во љубовта никогаш не сте сигурни.
5. Родените на петти споредете ги со чаша полна со мед, но под медот има вода. Не е едноставно да допрете до нивното срце, па долго останувате жедни.
6. Луѓето родени на шести се како враните. Она што ќе го најават, го исполнуваат. Лесно можете да ги повредите, бидејќи се многу чувствителни.
7. Седмиците се како птици во лет. Малку на небо, малку на земја. Тие се добри набљудувачи, но и забавувачи, исто така.
8. Оние кои што се родени осмиот ден во месецот се како театарски актери. Долго ја чекаат улогата, а кога ќе ја добијат, ќе направат се како што треба. По свое.
9. Деветките се како чаури. Се развиваат во убави пеперуги, но брзо “угинуваат” ако не ги храните со љубов.
10. Родените на десетти имаат личност како желките. Секогаш стигаат на целта, колку и да мораат да патуваат и ништо не им е тешко.
11. Луѓето родени на единаесетти се како морето. Неистражени и привлечни, но истовремено опасни ако ги измамите. Немојте да им ветувате ништо, ако не сте во состојба тоа да го исполните.
12. Бројoт дванаест сe патки. Немирни однадвор, мирни внатре. Доброчинители на сопствена штета.
13. Тешко е да се одгатнат луѓето од бројот тринаесет. Личноста им е како коприва. Додека сакаат, простуваат се, па дури и неверството.
14. Четиринаест е лавовски број. Оние кои се родени на овој датум, ловат додека не уловат, но отфрлаат ако “мирисот” не им одговара. Многу се умни.
15. Тие се како кртици. Никогаш не се откажуваат. Сакаат додека не изгорат. Се држат до стилот.
16. Родените на шеснаесетти се како бамбусово дрво. Многу се флексибилни, но и досетливи. Лесно е да им се пријде, бидејќи прифаќаат секого. Великодушни се, се додека некој не ги изневери.
17. Седумнаесет е како плима и осека. Лицата родени на овој датум се многу добри, но претпазливи во одлуките. Клучот е секогаш во нивните раце.
18. Тие се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога човек ќе ги освои, тие стануваат украс. Од внатре горат, но однадвор тешко го покажуваат тоа.
19. Истрајни во намерата, длабоки во духот. Оставаат траги каде и да се појават.
20. Тие се полжави. Бараат сигурност, а би сакале да се авантуристи. Тешко им е да се определат, бидејќи се несигурни во себе.
21. Тоа е број на стоногалката. Необичен спој на љубов и војна. Сакаат премногу нешта одеднаш. Се расплинуваат на сите страни, па тешко се спојуваат.
22. Луѓе срни. Топли и полни со сочувство за другите. Многу се свесни за своите можности и никогаш не ги надминуваат.
23. Тие се како пердув од гуска. Од едната страна те галат, но од друга те бодат право во сржта. Честопати се непредвидливи.
24. Тоа е бројот на мравките. Организирани се и стабилни во одлуките. Паѓаат под товарот, но само тогаш кога тој е навистина претежок.
25. Како коњите, и родените на овој датум малку бараат за себе, а многу поднесуваат. Прашуваат, бидејќи не сакаат да погрешат. Ниту туѓите грешки не ги прифаќаат лесно.
26. Слонови. Чувството на припадност за нив е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот, отколку да возвратат со навреда.
27. Тие се видри. Среќата не ги заобиколува, но долго чекаат на неа. Иако слушаат, честопати не го слушаат соговорникот. Се исклучуваат по потреба.
28. Родени се како луѓе на земјата. Се борат за правдата, иако честопати губат. Активни и огнени, тие сакаат да го променат светот и правилата.
29. Овие личности се како петлите. Го чуваат своето од секоја напаст. Големи романтици, иако не зборуваат за тоа, но го покажуваат со дела.
30. Во овој број се родени луѓето мачки. Ненаметливи се и постојани. Она што ќе го кажат, навистина и го мислат.
31. Многу се совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат, тие не откриваат многу за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.