| четврток, 6 декември 2018 |

Најкраткиот хороскоп на светот

Најкраткиот хороскоп на светот за тоа што размислува, што зборува и што прави секој знак.

Овен

Мисли – многу; зборува – малку; прави – исправно.

Бик

Мисли – на се; зборува – уверливо; прави – без подготовки.

Близнаци

Мислат – на себе; зборуваат – тоа што го мислат; прават – мислат дека прават многу добро.

Рак

Мисли – постојано; зборува – допадливо; прави – што ќе му се каже.

Лав

Мисли – точно; зборува – премногу; прави – она од што не можел да избега.

Девица

Мисли – едно; зборува – друго; прави – трето, но добро.

Вага

Мисли – премногу; зборува – искрено; прави – одговорно.

Скорпија

Мисли – усредоточено; зборува – точно; прави – што ѝ се допаѓа.

Стрелец

Мисли – дека само тој…; зборува – дека се сите, освен него…; прави – како со туѓи раце.

Јарец

Мисли – што ќе му падне на памет; зборува – она што мисли; прави – она што знае.

Водолија

Мисли – „а што треба?“; зборува – „па, ако е потребно“; прави – подобро од сите.

Риби

Мисли – дека никој не знае; зборува – паметува; прави – зависи дали некој ќе ја проверува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top