Објавени се првите фотографии од собата која се наоѓала на 32. кат во хотелот „Мандалај Беј“ и дел од арсеналот на Стивен Педок, кој уби повеќе од 50 лица на концерт во Лас Вегас.
ТВ куќата „Бостон25“ објави две фотографии на кои, како што се тврди се гледаат две од 23-те пушки кои Педок ги имал во собата од чиј прозорец се испукани повеќе од стотина куршуми на публиката која присустувала на концерт на кантри музика.
На фотографиите се гледаат две автоматски пушки, чаури и чекан со кој најверојатно е скршен прозорецот од кој пукал Педок.
Полицијата соопшти дека Педок во собата имал 23 парчиња оружје, како и напредни уреди за разгорување на оган, а во својата куќа во Невада имал уште 19 парчиња огнено оружје.
Според изјавите на официјалните лица, Педок се убил пред полицијата да влезе во неговата хотелска соба.
Во најголемиот злосторнички настан од ваков вид во историјата на САД се убиени најмалку 59 лица, а повеќе од 500 се повредени или ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст