Изборниот штаб на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, декеска оствари средба со претставници на невладината организација „Полио плус“. На средбата се разговарало за продолжување и продлабочување на досегашната меѓусебна соработка преку отворање Дневен центар за деца со пречки во развојот во Општина Аеродром.
„Претставници на невладината организација „Полио плус“ ќе имаат советодавна улога, со цел центарот да биде направен во согласност со потребите на дечињата со посебни потреби, кои ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот од стручен кадар“, објави актуелниот градоначалник на општината на својот профил на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст