Миле Кузмановски деновиве стана татко по трет пат. Фолкерот, кој веќе ги има близначките Ана и Јана, повторно доби ќерка, но деталите околу приновата во семејството не ги коментирал. Во краткиот телефонски разговор за Вечер тој само се заблагодарил за честитките.
-Благодарам, имам многу обврски во моментов, на настап сум, ве молам за ова да разговараме кога ќе бидам послободен, замолил фолкерот.
Инаку, пред неколку години Кузмановски се соочи со голема трагедија, односно неговата сопруга и мајка на близначките ја изгуби битката со ракот, а по нејзината смрт пејачот за ВЕЧЕР изјави:
-Оптимизмот е двигател на позитивната енергија кај луѓето, а и кај мене. Животот никогаш не се избегнува, а мирот секогаш го наоѓам кога ми треба. Смисловна содржина на мојот живот му даваат ќерките Ана и Јана”, потенцираше тогаш.
Последно нешто, пак, што слушнавме на музички план беше дуетската “Живели брате” која ја сними со Жика кој, пак, беше дел од составот “Браво бенд”, а се уште се актуелни и темите од албумот “Шприцер” кој го промовираше во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


