| четврток, 6 декември 2018 |

Кои познати личности го плаќаа лекувањето на Дона Арес

Познатата босанска пејачка Азра Колаковиќ позната како Дона Арес по долго боледување со ракот почина вчера на 41 годишна возраст, а во борбата со ракот тука беа и познатите личности од естрадата на која таа вечно ќе им биде благодарна.

Пејачката инаку никогаш јавно не ги криела сите оние кои што и помагаа и беа тука за неа во секоја смисла на зборот последните неколку години додека се бореше со болеста.

-Финансиски многу ми помагаат, а нај веќе Халид Бешлиќ и Осман Хаджиќ кои одма ми се јавија за да ми пружат помош. Јас не можев да работам во тој период и за моите лекови тие собираа пари. Првата терапија ме чинеше 2.500 евра, а потоа преку неколку фармацевтски компании успеав да добија и попуст и плаќав само 1.500 евра по терапија. И тоа секако е голема цифра кога не работите, а при тоа да плаќате и инфузии, храна…ова го изјави Дона пред извесен период за српските медиуми.

Таа тогаш додаде и дека Саша Матиќ и обезбедил неколку скапи лекови, а свој придонес во лекувањето на Дона дадоа и Маја Беровиќ, и фудбалерот Един Џеко.

-Најголемата морална поддршка секогаш ми ја дава Јелена Карлеуша, а драго ми е што во една емисија Драгана Катиќ изјави дека ме сака и ми порача да се држам во моментите кога јас буквално се распаѓав бидејќи бев во најлошата фаза од болеста, а тие зборови мене ми помогнаа да мислам на убави работи, вели Дона во неодамнешната своја изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top